Промоција
и имплементација на човековите права, со посебен
акцент на детските права од Конвенцијата за Детски Права, како
и правата на жената низ едукација, помош, застапување и лобирање.
Целта е да им помогнеме на децата да израснат во здрави деца,
во среќно семејство.
Центарот за човекови права "АМОС" од Битола е здружение
на граѓани формирано со слободно здружување на граѓаните, заради
остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење
на дејности и активности со цел за подобрување на човековите
права, со посебен акцент на правата на жената, а пред се детските
права.
Официјалната регистрација на АМОС е на 06.04.2001 година во
Битола. |