АМОСАМОС
 
 
Copyright © 2007 AMOS. All rights reserved.
 
 
 
 

Детски права
Права на жената
Човекови права
Детски права
Права на жената
Човекови права
Заштита на детските права

Одделение за заштита на правата на децата во институцијата

Народен правобранител

Правата на децата пред се се гарантирани со Конвенцијата за правата на детето донесена од ОНН и прифатена и ратификувана од Република Македонија.

Со оглед на тоа што децата имат потреба од посебна заштита во рамките на институцијата Народен правобранител е формирано посебно Одделение за заштита на правата на децата кое постапува по претставките за повреда на правата на децата од страна на органите на државната управа или други органи и организации со јавни овластувања и се грижи за оставрувањето на правата на децата преку законската регулатива и нејзината примена.

Претставка до Народниот правобранител може да поднесе секој граѓанин, истата мора да биде потпишана со име и презиме,адреса и број на телефон за евентуални контакти. Во претставката исто така треба да се наведе органот кој го повредил правото и да се наведе дали е користено правно средство(жалба,тужба,приговор или слично)

Поднесувањето на претставката и целокупната постапка пред Народниот правобранител е бесплатна.Претставката може да се достави писмено по пошта, усмено на записник во просториите на Народниот правобранител ,а може да се обратите и по телефон , со што доколку има основ за

 
 

поднесување на претставка треба писмено да се потврди дека сакате интервенција од Народниот правобранител.

Народниот правобранител не е орган кој мериторно одлучува за правата на граѓаните туку со свои предлози,мислења и сугести укажува надлежните органи да донесат правилна одлука во согласност со Устав, закон и меѓународните акти ,раководејќи се од најдобриот интерес на детето.

Сите органи на државната управа и органите и организациите со јавни овластувања пред кои е надлежен да постапува Народниот правобранител се должни да соработуваат со Народниот правобранител и да му ги достават сите информации независно од степенот на тајност. Органите и орагнизациите се должни да ги почитуваат предлозите и мислењата на Народниот правобранител .Доколку не се прифатат неговите предлози или делумно се прифатат или пак воопшто не се достави никаков одговор до

 
   

Народниот правобранител,Народниот правобранител може да го извести за тоа непосредно повисокиот орган, Владата на Република Македонија ,со посебен извештај да го запознае Собранието на Републиката или предметот да го објави во средствата за јавно информирање.

За заштита на правата на децата можете писмено ,усмено или преку телефон да се обратите до заменик народниот правобранител Невенка Крушаровска раководител на Одделението за заштита на правата на децата во Институцијата Народен правобранител и кај стручниот соработник Уранија Пировска,на телфонските броеви 3129-327; 3221-035, секој работен ден од 07 до 15 часот.

Одделение за заштита на правата на децата

Заменик народен правобранител
Невенка Крушаровска

Димитрие Чуповски 2 1000 Скопје


Телефони: 02/ 3129 335; 02/ 3129 327; 02/ 3221 035; 02/ 3129 343

E-mail: ombudchild@mt.net.mk; ombudchup@mt.net.mk

http://unicef.org
observer@amos.org.mk
child@amos.org.mk


 
 
www.amos.org.mk