„БОРБА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ОН-ЛАЈН -Нека зборовите бидат прозорци, а не ѕидови“
Главна цел
Подигнување на свесноста на младите луѓе во врска со борбата против говорот на омраза он-лајн. Тие ќе бидат обучени да делуваат против расизмот и дискриминацијата во нивното он-лајн изразување.
Цели
• Стекнување на знаење, вештини и ставови во врска со човековите права и образованието за човекови права поврзано со говорот на омраза он-лајн;
• Градење капацитети и вмрежување на младите луѓе од различни средини за да го препознаваат и реагираат на говорот на омраза;
• Изработка на видео-клипови со пораки, брошура и CD поврзани со говорот на омраза он-лајн;
• Разделување на брошурите и CD.
Целна група
• Ученици од средните училишта
• Студенти
• Млади луѓе, припадници на сите етнички заедници кои живеат во Битола (Роми, Албанци, Власи, Срби, Турци, Руси)
• Млади луѓе од подмладоците на политичките партии
• Млади луѓе со посебни потреби
• Млади луѓе од локалните невладини организации
Активности
• I Работилница – Човекови права и образование за човекови права (дискриминација, ксенофобија, антисемитизам, расизам, сексизам, медиуми и Интернет, родова рамноправност, човекова сигурност, мир и насилство и учество во демократското општество)
• II Работилница – Медиуми на новото време (Интернет, социјални групи, блогови), говор на омраза (дефиниција, форма, примери), Повелбата за правата на Интернет корисниците и алатки и инструменти за борба против говорот на омраза он-лајн
• III Работилница – Подготвување и промовирање на лични планови за акција, формирање мрежа за борба против говорот на омраза он-лајн, креирање на Facebook група, идни активности во текот на 2013, промовирање на видео-клипови со пораки и промовирање на брошура и ЦД
Тим
• д-р Сашо Кочанковски, координатор и сениор тренер
• Билјана Темелкова-Бејковска, асистент координатор и сениор тренер
• Др. Омер Сулејман, тренер
• Др. Лилјана Кочанковска, тренер
• Борче Бејковски, тренер
• Горан Величковски, новинар експерт
Времетраење на проектот
октомври-декември 2012
Локација
Битола, Хотел „КАПРИ“
Поддржан од
Советот на Европа - Европската младинска фондација