Име на проектот:
Национален тренинг курс за едукација за човекови права
"Градење локални капацитети"
Тим кој го реализира проектот:
м-р Сашо Кочанковски, тренер
Билјана Темелкова, тренер
Лилјана Кочанковска, тренер
Мирче Ѓоревски, тренер
Луција Поповска, тренер од Пул на тренери, Совет на Европа
Алберт Хани, тренер од Пул на тренери, Совет на Европа
Експерти:
д-р Омер Сулејман
Цели на проектот
- Продлабочување на знаењата и способностите;
- Фокусирање на текот на курсот кон развојот на соодветни компетенции значајни за клучните концепти при едукацијата за човекови права со млади луѓе;
- Стекнување способности за делување како едукатори при едукацијата за човекови права, употребувајќи ги прирачниците за човекови права "Компас " и "Нашите права" и нивната употреба во локален контекст;
- Истражување на спецификите на неформалното и формалното образование;
- Приспособување на наученото во локални рамки;
- Презентирање на образовни пристапи базирани на искуствено учење;
- Понатамошно развивање и проширување на мрежата на тренери/едукатори за едукација за човекови права во Македонија.
Целна група:
- Тренери од младинските организации и здруженија,
- Членови на НВО кои имаат врска со едукацијата за човекови права;
- Наставници / професори активни во формалниот образовен систем;
- Поединци кои се активни во полето на човековите права (професионално или волонтерски) или кои се заинтересирани за овие теми.
Во партнерство со:
Советот на Битола и Градоначалникот на Битола
Времетраење:
14-19 Ноември 2006
Локација
Битола
Подржан од:
Совет на Европа и ОБСЕ