1. Име на проектот
„Национален тренинг курс за едукација за човекови права со млади луѓе“
2. Цели на проектот
Да се развијат знаења и способности кај учесниците за клучните концепти при работата во полето на човековите права и едукацијата за човекови права со млади луѓе
Едукација на учесниците да делуваат како едукатори при едукацијата за човекови права со користење на “Компас” и негова употреба во локален контекст
Курсот даде основа за иницирање на мрежа на тренери/едукатори за едукацијата за човекови права во Македонија, кои ќе го користат ”Компас”
Адаптација на знаењата на локално ниво и иницијатива на нови иновативни пристапи кои би функционирале во нивната работна средина
Можност за учесниците да ги идентификуваат горливите прашања за човековите права во Република Македонија и размена на искуства и ставови
Истражување на карактеристиките и врските меѓу формалното и неформалното образование во врска со едукацијата за човекови права
Презентирање на образовни пристапи базирани врз експериментално учење