1. Име на проектот
„Прослава на Денот на детето“
2. Времетраење на проектот
19 и 20 Ноември
Центарот за човекови права “АМОС” – Битола и НВО Новинарите за детските и женските права и за заштита на животната средина во Македонија – Скопје се две, од трите, невладини организации од Македонија кои се членови на интернационалната коалиција за одбележување на Светскиот ден за заштита на децата од секаков вид на насилство.
Беа организирани два настана во Битола, а воедно беше прославена и годишнината од Конвенцијата за детски права.
На 19 ноември 2003, во Битола, двете организации организираа тркалезна маса на тема “Заштитан а децата од секаков вид насилство”.
Попладнето беше организирана изложба на детски слики и свечена приредба посветена на овие два значајни датума.