ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВОТО НА НАРОДИТЕ НА МИР
(Одобрена од Генералното собрание со резолуција 39/11 од 12 ноември 1984.)
Генералното собрание,
Повторно потврдувајќи дека највисока цел на О.Н. е одржувањето на меѓународниот мир и безбедност,
Имајќи ги предвид основните принципи на меѓународното право изложени во Повелбата на О.Н,
Изразувајќи ја волјата и стремежот на сите народи да се искорени војната од животот на човештвото и над се, да се спречи светската широка нуклеарна катастрофа,
Уверени дека животот без војна служи како основен предуслов за благосостојба, развој и прогрес на земјите, и за целосно остварување на правата и основните слободи прокламирани од О.Н.,
Свесни дека во нуклеарната ера изградувањето на траен мир на Земјата претставува основен услов за заштита на човековата цивилизација и за опстанок на човековиот род,
Признавајќи дека одржувањето на мирен живот за народите е света должност на секоја држава,
1.Свечено прокламираат дека народите на нашата планета имаат свето право на мир;
2.Свечено прокламираат дека заштитата на правото на народите на мир и унапредување на неговото остварување е основна обврска за секоја држава;